СДСМ вечерва одлучува кога ќе пукне првата „бомба“


Сто и тринаесетте членови на Централниот одбор на СДСМ попладнево во 18 часот ќе донесат одлука за понатамошното делување на партијата дали и кога ќе бидат објавени компромитирачките материјали за криминалот на актуелната власт.sdsm zaev

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во изјава за БИРН вчера рече дека „реално, почетокот на идната недела е периодот кога ќе почнат да се споделуваат доказите. Ја сум подготвен на сè и не би бил изненаден ако ме уапсат при првиот обид да ги обелодениме информациите“.

Официјално од партијата велат дека на вечерашната седница на партискиот врв ќе се дебатира за технички прашања.

Се шпекулира дека можно е да се очекува следната недела во Собранието на Македонија да се вратат пратениците на СДСМ и од собраниската говорница која им гарантира имунитет да ги објават доказите.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1