Вулканот Попокатепетл во централниот дел на Мексико од денеска повторно е активен.
Вулканот од денеска почна да исфрла камења и пепел во височина од три километри. Од вулканот излегува и чад , што се шири во околните градови , каде е прогласена вонредна состојба.
Според мексиканската служба за цивилна заштита, вжештените камења и пепел паѓаат во радиус од два километри околу вулканот , а особено се загрозени местата североисточно од Попокатепетл.