Се апси во Ѓорче, Хром и Нерези – голема акција, се апсат дилери на кокаин


Серија претреси од претпладнево се одвиваат на повеќе локации во Скопје против мрежа поврзана со трговија со дрога.

Според се уште неофицијални информации, екипи на МВР упаднале на неколку локации во населбите Ѓорче Петров, Хром и Нерези барајќи докази за апсење на лица кои се поврзуваат со трговија со кокаин.

Според првичните информации станува збор за сосема нова криминална група за која барем засега не може да се најдат докази дека била поврзана со оние кои се веќе познати во скопското подземје и против кои се водат серија судски процеси.
Информацијата дека во тек е полициска акција доцна попладнево ја потврди и МВР и обвинителството но без повеќе детали.

  • Во координација со предметен обвинител од ОЈО ГОКК, единици од МВР вршат претреси на повеќе локации низ Скопје, со оглед дека акцијата трае повеќе информации ќе споделиме во текот на утрешниот ден.“ – велат од Обвинителството за гонење на организиран криминал
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1