Се апси во Синѓелиќ и Арачиново – во тек е голема акција


Специјалните единици на МВР од изутринава се во Синѓeлиќ и Арачиново, се работи за голема меѓународна акција за шверц на дрога.

policija apsenjeИстовремено, освен во земјава се апсат шверцери и од неколку други балкански земји. Според неофицијални информации, се работи за полициска акција на високо ниво во која се уапсени лица од албанска националност. Акцијата се уште е во тек, потврдуваат за Академик од МВР.

Од рано изутринава специјалните единици на МВР вршеле претрес во околината на Синѓелиќ и Арачиново во потрага на осомничени лица кои се вмешани во меѓународен шверц на дрога. Неофицијално, уапсени се неколку лица припадници на албанска националност. Истовремено, полициски акции се спроведуваат и во неколку други балкански земји, а постои сомнение дека е разбиен меѓународен канал за шверц на дрога. Повеќе детали од МВР најавуваат во текот на денот.

Извор – Академик.мк

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1