Наместо бројот на автобусот, прво нешто што ќе ви падне во очи е овој чевел изложен во кабината кај шоферот.
Не се знае дали оваа чевличка е на некоја скопска пепелашка или пак е ставена поради штос во градскиот автобус на ЈСП-Скопје.
Го запрашавме шоферот каква приказна се крие позади чевличката, но наместо одговор добивме слатка насмевка.
Едно е сигурно- досега не се јавила ниту една кандидатка за чевличката.