Снимка од бегството на „Kралот на дрогата“ – Излегол низ отвор во туш-кабината (ВИДЕО)


Додека трае потерата за шефот на картелот Синалоа, Хоакин „Ел Чапо“ Гузман, мексиканските власти објавија ново видео на кое може да се види моментот кога тој побегнал од максимално обезбедениот затвор.

Мексиканскиот комесар за национална безбедност, Монте Алехандро Рубидо, во вторникот нагласи дека властите се заветиле дека ќе го фатат кралот на дрогата, велејќи, „Сите полициски сили во државата Мексико работат координирано со цел да успеат набргу да го уловат Гузман“.zatvor1-630x315

Рубидо вели дека вработените во затворот кои биле на должност за време на бегството на Гузман биле испрашувани со цел да се определи нивната одговорност во овој случај.

Гузман побегна од Алтиплано федералниот затвор неколку минути после 9 часот навечер. Ова е неговото второ невозможно бегство од затвор во последните 15 години.MAFIJAS100-630x473

Камерите го снимиле како се проближува до просторијата со тушеви. Кога чуварите отишле да го проверат подоцна, тој бил исчезнат. Наместо него, нашле отвор кој води кон тунел ископан во подот на бањата.

Бегството е голем срам за властите во Мексико, меѓу кои и претседателот Енрике Пења Нието, за кого „ловот“ на „Ел Чапо“ беше достигнување со кое тој се гордее.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1