Се бараат директори, амбасадори, советници на премиерот – Владата вработува


Се бараат и 20 директори или заменици на Агенцијата за млади и спорт, Државниот пазарен инспекторат, Управата за финансиско разузнавање, Агенцијата за странски инвестиции, Агенцијата за развој и поттикнување на земјоделството во Битола, Агенцијата за лекови, државен секретар во Министерството за локална самоуправа, Управата за заштита на културно наследство, Агенцијата за енергетика на Република Македонија, Централниот регистар на Република Македонија.

oglas rabota vrabotuvanjeОгласот за пројавување интерес за ангажирање лица на раководни позиции веќе е објавен и на него, на пример, се бараат шест советници на премиерот. Еден за национална безбедност и политички прашања, за надворешни работи, за економија и претприемништво, за финансиски и монетарни прашања, за земјоделство и советник за правосудство и администрација.

Во огласот главно се бара најмалку високо образование и пет или 10-годишно работно искуство и три или 5 години искуство на раководно место, искуство во областа на акредитацијата и активно познавање еден од светските јазици и високи менаџерски способности.

Списокот на држави за владината потреба за нови амбасадори е долг од 18 точки – Белград, Стокхолм, Пекинг, Бразилија, Токио, Вашингтон, Подгорица, Москва, Киев, Виена, Берлин, Отава, Будимпешта, Приштина, Каиро, Постојана мисија при ОН во Њујорк, Постојана мисија на НАТО во Брисел и Канцеларија за врски во Атина.

Целиот оглас може да се види тука.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1