Се борела со стерилитет, па за 5 години родила 3 пара близнаци


Андреа и Марк Ривас со години воделе битка со неплодноста, па речиси и се откажале од помислата дека некогаш ќе станат родители. Но потоа се случило вистинско чудо…

Откако со помош на вештачко оплодување Андреа останала бремена, во 2012 година ги добиле близнаците Конор и Ејвери.tri-para-bliznaci

Нивните пријатели Сенди и Филип исто така со години не можеле да добијат бебе, па Андреа се понудила да им биде сурогат мајка.

Во 2014 година таа ги родила близнаците Ема Ли и Герисон, со кои забременила преку вештачко оплодување со оплодена клетка од Сенди и Филип.

Неколку месеци подоцна, почнала да чувствува мачнини и направила тест за бременост.

Откако тој излегол позитивен, отишла на преглед, каде докторот и потврдил дека останала бремена по природен пат, што претставувало вистинско чудо.

Но она што било уште поневеројатно е фактот што Андреа повторно носела близнаци!

По 36 недели, таа родила две здрави близначки Лиа и Елис.

Вистински инспиративна приказна

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1