Млекото во Хрватска на “Дукат“ и “Виндија“ е канцерогено. Од Хрватскиот ветеринарен институт потврдија зголемено присуство на афлатоксинот М1.
Како што јави Канал 5, во дури 70 % од земените примероци за анализа е утврдено недозволиво присуство на оваа материја, а заради дополнителни потврди се чекаат наодите од Виена. Примероците од сточна храна и млеко биле земени од неколку фарми на Виндија и Дукат.
Спорното контаминирано млеко е повлечено во целост и не се наоѓа на полиците во маркетите, па затоа од хрватското министерство за земјоделство апелираа потрошувачите нормално да купуваат млеко.
По информациите за присуство на канцерогена материја, млекото на Дукат и Виндија е повлечено од продажба во Србија и Босна.
Од спорните количества во Македонија се увезени само 360 литри од трајното млеко “Лагано јутро“, објави Канал 5.