Се е поскапо од лани – месецов поскапеа зеленчук, месо, млечни производи


Овој месец повисоки цени има зеленчукот, месото, млечните производи и средствата за хигиена…

Додека платите тапкаат во место, не престанува трендот на раст на цените на прехранбените производи. За денар, два, три, десет… цените на речиси сите стоки овој ноември се повисоки во споредба со истиот месец минатата година. Само кај мал дел на производи се забележува стагнирање или минимално намалување на цените во однос на истиот месец минатата година, пишува Утрински весник.

prodavnicaПилешкиот стек, кој лани во ноември чинеше 355 за килограм, сега чини само 6 денари помалку, но рефус. Свинскиот бут без коска тогаш се продаваше по цена од 335 денари, а сега чини 359 денари за килограм, колку што беше и минатиот месец, а телешкиот бут е сега 635 денари ,додека лани чинеше 585 денари за килограм. Мешаното сирење лани истиот месец имаше цена од 252, а сега се продава по 282 денара за килограм, или за 30 денари повеќе. Прашокот за перење „ариел“, кој лани се продавал за 369, сега има цена од 389 денари или 20 денари повеќе. Млекото е поскапо за 2 денара и сега чини 46 денари, јогуртот е 50 денари или за два денара повеќе од истиот месец лани, додека јајцата поскапиле за три денари и пакување од десет јајца чини 85, додека лани во ноември беа 82 денара. И кашкавалот има повисока цена. Сега чини 455 денари за килограм, а лани во ноември бил 439 денари.

Поевтини се зејтинот и тоа за 31 денар и сега чини 66 денари за литар. Паднала и цената на шеќерот, кој е сега 41 денар, а лани чинел 53 денари за килограм. Јаболката поевтиниле од 59 на 35 денари, а доматите поскапиле за 9 денари и сега чинат 40 денари за килограм. И компирот има за 6 денари повисока цена и се продава за 35 денари, кромидот поскапил за 8 денари и чини 34, краставиците од 42 денари лани во ноември сега се продаваат по 54 денари за килограм. Забележителен скок има кај цената на гравот. Лани овој месец тој чинел 142, а сега се продава за 182 денари за килограм. Колачите „домаќица“ лани чинеле 84 денари, а сега се 96 денари.

„Утрински весник“ веќе повеќе од една година го истражува движењето на цените врз основа на сопствена листа од 35 продукти и така ја пресметува вредноста на потрошувачката кошничка.  Целата анализа погледнете ја на – Утрински весник

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1