Иако повеќето негови врсници се уште не ни одат, деветмесечниот Пакистанец, Мохамад Муса е далеку пред нив – тој веќе заработи обвинение за обид за убиство.
Малиот Мохамад заедно со неговиот татко и неколкумина соседи бил „приведен“ на 1 февруари.
Тие се приведени при индицент во кој локални жители на една работничка населба во градот Лахор фрлале со камења врз претставници на гасната компанија кои дошле во инспекција.
Откако завршило испитувањето полицаецот кој ја водел истрагата поднел записник дека се сите вмешани и на сите кои биле приведени, меѓу кои и деветмесечниот Мохамед, им поднел пријава – обвинети се за обид за убиство.
Врз основа на обвинителниот акт расплаканиот Мохамед вчера беше изведен пред Судот во скутот на дедо му Мухамед Јасин. Детето цело време плачело и било преплашено. Дедото успеал да го смири со шишенце млеко.
Судијата Рафак Али Камар согледувајќи ја грешката наредил суспензија на полицаецот кој го покренал обвинението против бебето, но не ја поништил тужбата против малиот Мохамед, кој ќе мора да се јави и на следното рочиште на 12 април.