Дваесет и девет годишната Јулија Кнежевиќ за српски Курир раскажала како убиецот на Ивана Продашиќ ја силувал и неа пред неколку години.
Таа тврди дека монструмот ја одвел во напуштена куќа и брутално ја злоставувал цели два часа, иако била негова снаа.
– Кога слушнав што и се слулило на малата Ивана и ја видов неговата слика на телевизија, веднаш се присетив на хоророт што го доживеав, вели Јулија.
Тој ја силувал снаата пред неколку години, но никој не и поверувал, бидејќи монструмот Дарко Костиќ бил брат на нејзиниот сопруг Богдан.
– Последните неколку дена ме бараше и се распитувал за мене, можеби и мене сакал да ме убие како тоа несреќно девојче. Сега знам дека е во затвор, но и понатаму се плашам, посочила Јулија.
Во истата куќа каде ја убил Ивана, Дарко пред неколку дена ја силувал и 22-годишната Кристина Ковачевиќ.