Се монтира панорамскиот лифт на Милениумскиот крст


Панорамскиот лифт на Милениумскиот крст на Водно, ќе биде пуштен во употреба за најмногу еден месец.

Билетот за возрасни и за деца над 14-годишна возраст ќе чини 50 денари, а возењето за децата од 6 до 14 години ќе чини 20 денари.krst vodno

Освен возењето со лифтот, дел од турата предвидува и движење на посетителите по краците на крстот, во присуство на едно лице вработено на крстот кое ќе ги проследува.

Од ЈСП информираат дека ќе се продаваат и комбинирани билети, за возење со жичарницата и лифтот. Таков билет, за возрасни и деца над 14 години, ќе чини 130 денари, односно 60 денари за децата од 6 до 14 години. За групните билети ќе има попуст.

Лифтот е набавен од Франција и чини околу 300.000 евра. Производ е на фабрика која е во првите три најдобри за ваков тип лифтови и истиот има капацитет за 10 лица, а возењето трае околу една минута.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1