Се можеш да заборавиш, ама данок не – ЕВЕ КАКО ДА ПОПОЛНИТЕ даночна пријава


Кој и до кога треба да пополни даночна пријава? Датумот за физички лица е до 15 март

Данокот се пријавува во Управата за јавни приходи, којашто има подрачни единици во сите општини.На даночниот обврзник за сторен прекршок ќе му се изрече глоба, ако не поднесе Аконтативна даночна пријава во пропишаниот рок.ujp danocna prijava

Како се пополнува даночна пријава?

Во УЈП ви даваат образец што се нарекува ГОДИШНА ДАНОЧНА ПРИЈАВА или попознати како документи наречени ПДД-ГДП. Во него ги внесувате вашите лични податоци на горниот дел од документот. Времетраењето на даночната пријава во редовна постапка е од 1 јануари до 31 декември, а се внесуваат приходите што ви се исплатени заклучно со тие денови. Во делот наречен „остварени приходи“ се наведени 20 параграфи, од кои секој носи посебно име.

Преземете гo интерактивното упатство каде практично е објаснето пополнувањето и начинот на поднесување на Годишната даночна пријава (образец “ПДД-ГДП“).

За приходите кои сте ги оствариле во изминатата 2014 година и за кои имате обврска да ги пријавите во УЈП, поднесете ГОДИШНА ДАНОЧНА ПРИЈАВА (образец ПДД-ГДП) до даночните канцеларии или по електронски пат преку https://etax-fl.ujp.gov.mk
– Преземете го образецот ПДД-ГДП од веб страницата на УЈП
(кликни тука)
– Како да ја пополните Годишната даночна пријава? (преземи видео)
– Зошто, Кој, Кога, Каде и Како треба да ги пријави приходите во УЈП?
(преземи брошура)

Доколку имате дополнителни прашања контактирајте не преку Инфо центарот на бесплатната телефонска линија 0800 33 000.

 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1