На 23-та седница на Комисија за одбрана и безбедност на која на дневен ред беше и Законот за безбедност во сообраќајот, беа прифатени вкупно 36 амандамни од кои 23 амандмани поднесени од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, а 13 од страна на опозициските пратеници.
Со новиот Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата ќе се овозможи воспоставување формално-правни предуслови за имплементација на еврoпските страндарди и принципи кои важат во областа на сообраќајот на патиштата, како и се врши усогласување со новиот Закон за прекршоците со кои драстично се намалуваат голбите за прекршоци.
Амандамните кои беа прифатени стануваат составен дел од новиот Закон за безбеност на сообраќајот, дел од тие амандамни се и амандманите на опозициските пратеници.
Прифатен е амандманот на опозициската пратеничка Роза Топузовска во врска со член 26 , во кои се брише ставот (2) кој гласи: Возачот на моторно возило, кога се вклучува во сообраќајот од гаража, двор или друга слична површина, ако видикот му е закриен со друго возило, објект или предмет или ако видливоста му е намалена, должен е на местото каде што се вклучува да постави лице кое ќе му помогне возилото безбедно да излезе на пат.
На пратеничката Роза Топузовска и беше прифатен и амандманот во член 315 став (2) каде зборот „три“ се заменува со зборот „пет“, со цел да се даде посоодветен рок за мегународните возачки дозволи.
Прифатен е и амандманот на опозицискиот пратеник Горан Милевски со кој се намалува глобата за употребата на светла во сообраќајот од 35 евра на 15 евра, измените се во членот 86 од Законот за безбеност во сообраќајот.
Во насока на намалување на голбите за прекршоците приафатен е и амандман на член 35 став 6 поднесен од пратеникот Горан Милевски со кои износот од „20 евра“ се заменува со износот „10 евра“.
Амдандманите кои беа прифатени од страна на Комисијата за одбрана и безбедност се со цел подобрување на новиот Закон за безбедност во сообраќајот, амандманите стануваат составен дел од законот кој треба да се најде на дневен ред на некоја од следните собраниски седници.