Се обидел да се самоубие во авион – си ги пресекол вените во ВЦ то


Триесет годишен маж, се обидел да се самоубие во тоалетот на авионот на компанијата Емиратес, во текот на летот на линијата Дубаи-Хајдерабад. Инцидентот се случил во петокот

avionНеименуваниот маж бил пронајден од една стјуардеса, откако што видела дека од тоалетот тече крв. Авионот бил близу до крајната дестинација, па немало потреба за негово пренасочување.

Штом слетал, во леталото стигнале медицински екипи кои на мажот му помогнале да преживее. Полицијата утврдила дека тој на повеќе места со остар предмет, најверојатно жилет, ги исекол вените. Имал исекотини на вратот и вистинско чудо е што успеал да преживее.

Авионот требало да изврши повратен лет, но наместо тоа, бил испратен празен во Обединетите Арапски Емирати на чистење, со оглед на тоа дека имало многу траги од крв и било невозможно леталото да прими патници.

Мотивите за обидот за самоубиство не се објавени.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1