Вилијам Мастон е осомничен за силување во Јужна Каролина. Но 52 годишниот Вилијам покрај обвинение за силување добил и добар ќотек ,претепан е од момчето на девојката која се обидел да ја силува, пренесуваат американските медиуми.
Момче го пронашло 52 годишниот Вилијам Матсон во спалната соба како лежи врз неговата девојка. Нервозното момче веднаш започнало да го удира Вилијам со рацете по главата. Полицијата сепак нема да го тужи момчето бидејќи го тепал силувачот во самоодбрана.
Полицијата тврди дека момчето повеќе пати со раце го удрил Вилијам и потоа го исфрлил од куќата во дворот каде продолжил да го тепа. Локалната полиција информира дека лицето на Вилијам било цело облеано во крв и дека имал отоци на усната и левото око.
Момчето ја бранело својата девојка и најверојатно нема да добие тужба за физичка пресметка.