СКОПСКИ СЕЛА ОТСЕЧЕНИ ОД ГРАДОТ, МАКЕДОНИЈА ПАТ НЕ ЧИСТИ


Три скопски села на скопска црна гора се отсечени целосно, едно едвај преживува со набавка на производи , а селатата од општина Чучер Сандево денес добија чист пат. До Танушевци, Малино и Брест е невозможно да се стигне бидејќи никој не го чисти регионалниот пат.  Три општини делат една улица и секој си ја префрла надлежноста за чистењето. Така и патот е на три дела исчистен. На терен денес беше градоначалникот на општината Чучер Сандево, пишува Телмаpat nokj sneg 2

Но само на половина километар од Кучевиште жителите на селото Оризари мака мачат да стигнат на работа , но и да добијат неопходни животни намирници во продавниците. Нивниот дел од патот треба да го исчисти општината Шуто Оризари, но до сега ниту багер ниту камион не поминал. Велат, добро е што децата се на распуст, бидејќи автобускиот превоз е во целосен прекин. Овие села се поврзани со пат кој е надлежност на Македонија пат и дел на градот.

Во градот Скопје се уште главните тротоари и паркинзите не се исчистени. Снег и мраз го отежнуваат движењето на граѓаните како и паркирањето на автомобилите.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1