Се од бракот даваме на децата, а ако ме изневериш ќе останеш без нив – Пит и Џоли договор


Еден од најславните холивудски парови, Анџелина и Бред Пит, неодамна се венчаа, а претходно потпишале и милионски предбрачен договор.

Во случај Бред да ја изневери Анџелина со друга жена, таа ќе го добие старателството над децата. Тоа е само една од интересните клаузули од предбрачниот договор на славниот пар.brad-pitt-and-angelina-jolie

Парот е “тежок” 425 милиони долари, па во договорот стои, во случај на развод, секој да го земе тоа што го имал пред бракот. Парите кои ќе ги заработат додека се во брак ќе бидат уплатени во фондовите на нивните деца.

Освен што потпишале предбрачен договор, напишале и тестаменти во кои поголем дел од парите ги наследуваат нивните деца. Друг дел од парите оди во домот за деца од каде што и самите посвоиле. Покрај тоа, актерката осигурила пари и за истражување на рак на дојка.01joli

Изгледа дека адвокатите ја убедиле Анџелина во договорот да вклучи и клаузула за неверство, бидејќи Бред бил во брак со Џенифер Анистон кога влегол во врска со неа. Доколку тоа го направил еднаш, кој гарантира дека нема да го направи уште еднаш.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1