Се одложи седницата за доживотните затворски казни за „Монструм“


Поради отсуство на адвокатот Насер Рауфи, Врховниот суд ја одложи јавната седница за случајот „Монструм“, каде требаше да се одлучува за доживотните затворски казни на петкратното убиство кај Смилковско Езеро.

Пред одложувањето јавната обвинитекал Лилјана Спасовска побара од судот и судијата да ја одложат јавната седница на подолго време и како нивна обврска од Законот за кривична постапка да ги прибават доказите и новите факти од СЈо, за целосно да се анализира предметот и да се утврди дали новите околности ќе влијаат на конечната пресуда.

Претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски рече дека датумот за следна седница за случајот „Монструм“ останува 9 јуни.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1