Се омажи наследничката на царството „Сваровски“: Нејзината венчаница чини 700.000 евра


Викторија Сваровски е наследничка на царството „Сваровски“ и позната австриска пејачка.

Изминатиот викенд таа се омажи за долгогодишното момче Вернер Мурза на спектакуларната свадба во Трст на која доминираа дијаманти и секако „Сваровски“ кристали.

Сепак, венчаницата на Викторија е она за што најмногу се зборува. Фустанот тежок 46 килограми со вградени невројатни половина милиони „Сваровски“ камења, чинел 700.000 евра.

Фотографии од венчавката на годината го преплавија Инстаграм, а венчаницата ги воодушеви сите трендсетери на социјалните мрежи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1