Се онесвести од болка: „Ми го убија малолетниот син пред очи додека држев бебе во раце“


Сведок, жена од бошњачка националност, се онесвести во судницата додека сведочеше како обвинетиот поранешен припадник на Хрватскиот совет за одбрана, ХВО, Иво Црепуља, го убил нејзиниот син, во село во близина на Зеница, во 1993 година.

Сведокот Хасија Ковачевиќ, пред Кантоналниот суд во Зеница, изјави дека на 16 октомври 1993 година, обвинетиот Црепуља, дошол пред нејзината куќа во селото Ратањ и ја викнал да излезе.sud

„Имаше црна униформа, која блескаше на сонцето. На главата носеше капа со жолта везена голема буква “У“ (што се поврзува со усташкиот нацистички режим во Хрватска за време на Втората светска војна), и беше вооружен со кратка црна пушка“, изјави Ковачевиќ.

Според нејзините зборови, на обвинетиот му кажала да почека, бидејќи сакала да ги капе децата, а на постариот син Мирзет да му стави за јадење.

„Тогаш Мирзет  се појави пред него и му рече:’Прашај ме мене соседу што треба…Тој ја сврте пушката кон куќата и почна да пука. Бев на вратата со малото дете во раце. Видов кога го погоди Мирзет. Се фати за стомак, се дигна, направи уште еден чекор или два и рече: ’Соседу, зарем ме убие’ и падна“, изјави сведокот.

Црепуља , поранешен член на ХВО, е обвинет за убиство на цивил, тинејџер, без никаква причина.

Сведокот, кој рече дека обвинетиот го знае уште пред војната и го посочи во судницата, нагласи дека по смртта на нејзиниот син го напуштила селото и во него се вратила дури следната година.

Нејзиното семејство, неколку месеци подоцна, слушнало дека тела на неколку луѓе биле закопани во едно поле што се наоѓало на околу еден час пешачење од нивната куќа, и дека еден од нив е и Мирзет.

„Тој ден лекарот ми даде некаква таблетка и ме однесоа до Мирзет да го видам“, рече Ковачевиќ, на која по изговореното и се слоши и ја изгуби свеста.

Судењето продолжува на 12 ноември.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1