Се оствари клетвата и предвидувањето на Гадафи


Кога Гадафи збируваше за исламизација на Европа, сето тоа изгледаше смешно, но денеска работите се сменија. Години после убиството на Гадафи, станува сè повеќе јасно дека неговите предвидувања се остваруваат, бидејќи Исламската држава сега се заканува дека ќе испрати половина милион терористи на територијата на Европа.

gadafijev-rezim-se-ljulja-muamer-el-gadafi-protesti-u-libiji-1338819328-71308

Либијскиот водич Муамер ал Гадафи предвидуваше дека џихадистите од неговата земја ќе ја нападнат Европа ако тој биде отфрлен од власта. Она што е застрашувачко е фактот дека неговите пророштва навистина се остваруваат.

Нов појас Газа

Гадафи своето морничаво пророштвто го изнесе во своето последно интервју во месец март во 2011-тата година, кога вооружените бунтовници со поддршка на гранатите од НАТО, водеа војна против него.

Да потсетиме, Исламската држава тогаш не ни постоеше, но либијскиот лидер предвидуваше дека терористите набрзо ќе ја окупираат неговата земја и останатите држави на Блискиот исток, од каде ќе се загрози и Стариот континент. Всушност, сето тоа започна да се остварува после неговата смрт.

– Ако наместо стабилни влади, кои гарантираат безбедност, овие милитанти поврзани со Осама бин Ладен ја преземат целосната контрола, Африканците масовно ќе почнат да влегуваат во Европа. Меѓу нив ќе има и голем број на терористи. Медитеранот ќе стане море на хаос и крвопролевање, истакна тогаш Гадафи.

Без неговиот строг режим, новиот појас Газа би настанал во Северна Африка, како што тогаш тој тврдеше. НАТО во тоа време им помагаше на бунтовниците да го тргнат Гадафи од власта после 40 години владеење, не сфаќајќи за што точно станува збор.

Муамер ал Гадафи беше убиен на стравичен начин во родниот град Сирт во октомври 2011-тата година, седум месеци откако сведочеше за сето она што наводно би можело да се случи.

Рим е главна мета

Светските лидери се уверија дека Гадафи бил навистина во право. Џихадистите најпрво заземаа третина од територијата на Ирак и Сирија, а потоа се проширија и на територијата на Либија каде имаат свое упориште во источниот град Дерни.

Денес тие се закануваат дека на тлото на Европа ќе испратат половина милион екстремисти.

– Ако некоја европска држава започне воена интервенција врз нашата позиција во Либија, особено Италија, ќе испратиме илјадници бродови со терористи на европско тло, наведе ИСИС.

Тие и претходно опоменаа дека следна главна мета им е Рим.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1