Се отвара Градската плажа „Камен мост“


Со концертот на хрватскиот состав „Антенат“, вечер во 20 часот, официјално ќе биде отворена втората сезона на Градската плажа „Камен мост“.

gradskaplaza2Бендот, кој во моментов е на балканска турнеја, прв пат доаѓа во Скопје и тоа со самостоен концерт, на кој ќе го промовира својот нов, трет по ред албум насловен „Излет”.

Од Градот Скопје најавуваат дека наскоро ќе биде објавена и целосната програма за летниот период. Во текот на претстојните четири месеци планирани се киновечери и проекции на култни македонски и странски филмови, фестивал на кратки филмски форми, изложби на млади уметници и фотографи, спортски турнири, матине и караоке забави.

Градска плажа „Камен мост“ располага со пет урбано наместени шанкови за продажба на храна и пијалаци, една голема бина што се наоѓа над реката по средината на плажата и со 157 квадратни метри површина платформи(декови)за поставување маси и столови за потрошувачите и рекреативците.

На располагање и ова лето стои и одбојкарското игралиште, како и огромниот простор од 1.000 квадратни метри чиста морска песок и камчиња.

Сител

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1