Огромен кратер се појави во Сибир, во регионот Новокузнецк. Оваа огромна дупка со дијаметар од 20 метри се протега до 30 метри во длабочина.
Кратерот ги уплаши локалните жители, кои стравуваат дека новата следна дупка може да ги проголта нивните домови.
Мистериозната бездна прв ја регистрирал Ринат Шарифулин, локален жител чија куќа се наоѓа само на 100 метри од дупката. Тој смета дека земјата се „спушта” во тунелите на напуштените рудници кои се наоѓаат во оваа област.
– Ние мора да си одиме од овде. Под нашите градини се наоѓаат рудници кои се затвори во 1990 година – вели Наталија, сопругата на Ринат.
Тим на Министерството за вонредни состојби реагираше брзо, па обвивката на кратерот го исполнија со земја. Донесени се експерти во оваа област, со цел да се испита причината за мистериозните дупки.
Новиот кратер се создал на оддалеченост од 3.500 километри од сличните дупки кои се појавија во Сибир, воглавно сместени околу полињата за нафта на Гаспром.