Се почнало како обична настинка: Бактеријата му ги “изела” рацете, нозете и устата (Видео)


Бактерија која јаде месо на Алекс Левис (35) пред две години му ги изела рацете, нозете, устата и дел од носот. Но не му е тешко што останал инвалид за цел живот и без екстремитети, највеќе го боли тоа што неговиот син се плаши од него, дури не сака ни да го погледне.3398c68800000578-3562265-image-a-73_1461792726100

Борбата на Алекс за живот почнала во ноември 2013 откако имал обична настинка, но потоа се здобил со стрептококи од група А со труење на крвта и токсичен шок. Минал 7 дена во кома, а ткивото на нозете, рацете, устата и делови на носот и ушите му поцрнело па тие делови морале да се ампутираат.

Лекарите му дале само 3 проценти шанса да преживее, но Алекс не се предал и успеал да заздраве. Во последните две години минал низ многу операции со кои се обиделе да му го реконструираат лицето, а научил и да се движи со помош на протеза. За неговата животна борба снимен и документарен филм “Необичен случај на Алекс Левис”.alex-696x456-54912

Алекс вели дека сака да ја сподели својата приказна со останатите се со цел неговиот син да не се срами од него.

– Сакам мојот син да биде горд на мене и да се чуствува угодно во неговата кожа – рекол Левис.

– Никогаш не знаеш што ќе ти донесе животот. Со тоа мораш да се носиш кога ќе дојде. Не сакам да се нервира поради ситници – вели Алекс на кого највеќе му недостасува блискоста со синот.

– Да сум три ипол години и да го гледам својот татко како се измачува во таква состојба би ми било многу чудно – вели Левис кој дава се од себе за повторно да изгради близок однос со синот.The Extraordinary Case of Alex Lewis

– Се фрустрирам кога гледам како Сем сам се игра во дворот, јас не можам ништо околу тоа да направам – рекол Левис.

И покрај се што поминал, Алекс останал позитивен, среќен е што е жив и секој ден се чуствува подобро.

– Имам чуство како да го имам искусено животот и смртта и само сум среќен што сум тука – рекол Алекс, пренесува Деили Меил.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1