Ќерката на Цеца се пофали со прстен, по што во српските медиуми се појавија шпекулациите дека Анастасија Ражнатовиќ се вери.
Анастасија ги изненади своите обожаватели на социјалните мрежи, откако објави фотографија на која се гледа дека на нејзината рака има прстен кој наликува на веренички прстен.
Засега ќерката на Цеца не потврдила ништо, а нејзините следбеници пишуваат мноштво коментари. Некои ја осудуваат, некои и честитаат а некои говорат дека само верените девојки не носат прстени.
Инаку, Анастасија е во долга врска со Костадин Терзиќ. Нејзиниот брат Вељко беше во врска со Маша Терзиќ, сестрата на Костадин. Вељко пред неговиот 18-ти роденден објави дека се вери, но набрзо потоа љубовта пукна.
Цеца за споменатата ситуација прокоментира дека станува збор за „детски бубачки“ и дека тоа ништо не е точно затоа што тие се сеуште мали за такви одлуки.