На 15 октомври, 35 годишниот возач на камион Келвин Мичел ја пречекал Опра пред студиото во Њујорк, и се претставил како нејзин син со кој немала контакт 20 години, и настојувал да ги обнови контактите…
По снимањето на нејзиното шоу на 15 октомври пред студиото во Њујорк, 61 годишната милијардерка била пречекана од 35 годишниот Келвин Мичел. Нејзината средба со човекот кој се претставил како нејзин „одамна изгубен син“ е фотографирана.
Во интервју за Радар Мичел изјавил дека цо 1992 година, кога имал 11 години, Опра ја прашала неговата мајка дали ќе дозволи да го посвои детето, а потоа платила за неговото школување.
Средбата на Мичел со Опра била организирана од „The National Enquirer“ откако тој изјавил дека сака да го обнови контактот со Опра.
Но не успеал долго да позборува со неа.
Тој наводно се извинил што така ја пречекува но немал друг избор, и ја прашал дали би можела да зборува со него, а таа му рекла дека нема време бидејќи мора да се појави на друго место, и побарала тој да го остави својот број кај нејзините соработници за понатаму да контактираат.
Според „Enquirer“, Опра побарала во 1992 година да го посвои Келвин но неговата мајка не дозволила бидејќи имала и други деца и не сакала да го двои синот од нив. Подоцна Келвин добивал подароци од Опра кои таа ги адресирала „до нејзиниот син“. Школувањето до 17-тата година, кога тој се откажал, му го плаќала Опра. Потоа им се губи контактот, а тој вели дека поради тоа се чувствувал депресивен и со самоубиствени намери. Вели дека би сакал да ја праша Опра зошто го оставила.
– Бев млад,направив глупава одлука и Опра не сака да ми прости. Мислам дека тоа што го направи е лошо. Со напуштањето на школото го изневерив целото семејство, но мислев дека Опра и Стедман (нејзиниот тогашен партнер) уште ќе бидат дел од мојот живот. Но не беше така, и во еден момент се почувствував како да ми се урнал целиот свет – вели Келвин кој во „Enquirer“ покажал фотографија на која тој е како дете со Опра.
Опра Винфри е позната по донации за школување на младите – само во еден колеџ во Атланта доделила 400 стипендии за студенти.
Инаку, таа секогаш изјавуваше дека не се чувствува подготвена да биде мајка бидејќи немала добар пример од сопствената – таа никогаш не била со Опра, секогаш зафатена со работата како домашна помошничка…