Се појави НОВ СМРТОНОСЕН ВИРУС: Ја зема и првата жртва, го пренесуваат крлежи и комарци


Американските власти во петокот објавија информација дека е откриен нов вирус за кој се верува дека е одговорен за смртта на совршено здрав човек во Канзас минатата година.

На вирусот му е дадено името „Бурбон“, по округот каде живеела жртвата. Ова е прв пат вирус од овој вид да предизвика смрт кај луѓе во САД.virus-burbon

Овој вид вирус е поврзан со крлежи и комарци во Европа, Азија и Африка, а научниците велат дека може да се шири на ист начин.

Човекот од Канзас бил каснат од крлеж неколку дена пред да му се слоши. Научниците користеле напредна молекуларна технологија и утврдиле дека несреќниот човек починал од новиот вирус.

Оние кои заболуваат од овој вирус патат од главоболка и треска, се наведува во студија на американскиот здравствен центар.

Починатиот човек се лечел со антибиотици, но неговата состојба се влошила и дошло до откажување на работата на бубрегот. Починал 11 дена по појавувањето на првите симптоми.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1