Се појави пирана во езеро во Франција


Во Сант-Дие-де-Вож, во источна Франција, спортски риболовец уловил пирана, која го каснала за прстот во моментот кога сакал да ја извади од јадицата.

slike-srbija-6-pirana_435413849-На почетокот не верував, но ја видов рибата која е зачувана во фрижедер и можам да ви кажам дека станува збор за пирана, вели Мишел Дорнер, претседател на локалното риболовно друштво од Сант-Дие-де-Вож.

Според рибочуварот Жан-Клод Шапри, кој бил присутен на местото на уловот на рибата, рибарот бил каснат во моментот кога сакал да ја извади јадицата.

Се претпоставува дека рибата-карнивор некој ја пуштил во езерцото откако била во аквариум. Се претпоставува дека биле пуштени истовремено повеќе вакви видови на риби, кои обично живеат во тропски води со температура од 20 целзиусови степени, што не е случај со езерцата во Вогезите и воопшто во Франција.

Риболовците мислат дека пираната нема шанси да преживее во француските води, а уште помалку да се репродуцира во оваа средина.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1