Подземни води истераа од живеалиштата пет семејства од Штип, пишува Нова Македонија
Во поплавениот објектот во моментов се сместени 30 жители. Овде тие дојдоа пред две години, откако старите куќи во Стара кланица им ги поплави Брегалница. Сега поради вода, повторно се во станбена незивесност.
– Засега никој не пријавил проблем. нека се обратат до референтот за малцински прашања и се што е во надлежност на Општината ние ќе интервенираме, рече Драган Ристов, советник за односи со јавност во општина Штип.Инаку, во старото нервно одделение, вкупно се сместени 30 ромски фамилии.