Државниот пазарен инспекторат никогаш досега не го проверувал квалитетот на облеката и обувките што се увезуваат, а нема ни каде да ги нарача испитувањата, бидејќи двете лаборатории за текстил немаат потребна опрема. Никој во Македонија не може да им гарантира на граѓаните дека облеката и обувките што ги носат се безбедни за нивното здравје – дали содржат недозволени хемикалии, токсини, канцерогени состојки, тешки метали, пишува Вечер.
Директорот на Државниот пазарен инспекторат Виктор Дерменџиев вели дека никогаш досега не направиле контрола од аспект на безбедноста на увезената облека.
– При увозот на стоки (текстилни производи) согласно член 32 од Законот за трговија, трговецот е должен да достави доказ дека се исполнети пропишаните услови за квалитетот, физичко-хемиските и органолептичките својства, бактериолошките својства – информираат во Министерството за економија.
Неколку дерматолози велат дека иритациите кои се јавуваат на кожата во последно време процентуално растат. Меѓутоа, лекарите се оградуваат дека се предизвикани од штетни супстанции во облеката, зашто, како што велат, за тоа може да постојат само сомнежи и теоретски претпоставки, а не и тврдења, бидејќи не е докажано. Тие објаснуваат дека облеката може да предизвика токсични реакции, односно иритантен дерматит.
Најновото истражување на најмасовната организација за заштита на човековата средина “Гринпис”, објавија дека во детската облека има штетни материи, како на пример формалдехид во кој се потопува облеката за да не се тутка, а може да предизвика тешки алергиски реакции, Овие штетни материи “Гринпис” ги откри во брендираните дуксери, џемпери, маици, дресови, чорапи… на познатите марки, како “Адидас”, “ЦиМ”, “Дизни”, “Гап”, “Барбери” и други. Повеќе прочитајте на линкот подолу