Извршниот и централниот одбор на СДСМ вчера одлучи да се затвори кампот пред Владата. Ова им го соопшти на камперите лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој им заблагодари за двомесечната поддршка во борбата за „Вистината за Македонија“.
„Кампот на слободата“, по два месеци повлечен од пред Владата. Одлука за повлекување чекаат и камперите од паркот „Жена борец“.
Кампувањето почна на 17-ти мај , по митингот на СДСМ, а веќе следниот ден, по Народниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ беше поставен контра камп на „Бранителите на демократијата“.