Се преправала дека е тетка на дете убиено во масакрот во Њутаун и извлекла пари (Видео)


300050_nouel-alba_ff

Во САД е уапсена жената која се преставувала како тетка на жртва на маскрот во основното училиште во Њутаун во Конектикет, обидувајќи се да извлече пари за време на големата јавна национална поддршка за семејствата на убиените деца и наставници.

Нуел Алба (37) од Бронкс е обвинета за користење на својот Фејсбук профил, телефонски повици и текстуални пораки за да извлече пари, за како што рекла, трошоци за погреб на шестгодишниот Ное Познера, еден од жртвите во масакрот во основното училиште во Њутаун.

По апсењето, Алба излегла пред судијата во локалната престолнина Хартфорд и пуштена е да се брани од слобода со платена кауција од 50.000 долари.

300052_noa-pozner--02apfoto-uncredited_ff

Доколку биде прогласена за виновна ќе се соочи со затворска казна од 5 години и парична казна до 250.000.

– Ова апсење е остра порака дека ФБИ ќе ги открие сите оние кои започнуваат интернет измами за собирање пари, особено оние измами кои ги злоупотребуваат најзагрозените во ова тешко време на заедничка тага – изјави специјалниот агент на ФБИ, Кимберли Мерк.

Преку пораки на Фејсбук, Алба се обидела да извлече пари од потенцијални донатори, барајќи од нив средствата да ги уплатат преку ПејПал или директно на отворена банковна сметка.

Пораката е поставена на Фејсбук на 15-ти декември, ден откако 20-годишниот Адам Ланза ја уби својата мајка во нивниот дом во Њутаун пред да се упати кон основното училиште во кое таа работела и да го започне масакрот во кое беа убиени 20-тина деца и 6-торица возрасни.

Ирма Башеска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1