Се претресува станот на пилотот на исчезнатиот авион – главен осомничен за самоубиство или киднапирање?


Полицијата утрово го пребарувала станот на 53-годишниот Захарија Ахмед Шаха, пилотот на исчезнатиот авион, откако и малезиската влада на прес конференција ги призна наодите дека летот бил пренасочен, летал уште најмалку од 4 -7 часа, а опремата за праќање сигнал била исклучена една па друга со временска разлика од 15 минути. 

Полицијата пристигнала во станот набрзо откако претседателот на малезиската влада ја завршил конференцијата за новинари.

pilot MALEZIJAПремиерот изјавил дека истрагата покажала дека комуникациите во авионот биле намерно онеспособени и дека авионот намерно свртел од летот кон Пекинг.

Захари Ахмад Шах (53) е пилот веќе 33 години. Колегите раскажуваат дека бил опседнат со работата, а медиумите се повеќе го истакнуваат сценариото според кое пилотот извршил самоубиство и со него во смрт повел 238 луѓе.

Копилотот од авиокомпанијата “Malaysia Airlines”, кој во неколку наврати имал можност да лета со Захари Ахмад Шах, го опишува како опседнат со својата работа и општо со авионите. Тој додал дека Захари ги знаел сите предности и маaни на авионот, и дека во својот дом во Куала Лумпур имал инсталирано мал симулатор на лет со полна опрема и три монитори.

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1