Се преврте брод со мигранти – 200 луѓе се во морето кај Сицилија – во тек акција за спасување (ВИДЕО)


Брод кој превезувал 250 имигранти во петокот се превртел и потонал 70 наутички милји југоисточно од италијанскиот остров Лампедуза, меѓу Малта и Сицилија. Според податоците на патролната служба на Италија, која го забележала превртениот брод во сицилијанскиот канал, а во водите имало повеќе стотици луѓе. Некои од нив не давале никакви знаци на живот.

italija brodНа местото на несреќата се упатени два воени италијански брода „Libra” и „l’Espero” кои со помош на хеликоптери ја пребаруваат областа.

„Имаме информации дека бродот потонал и дека бегалците се во морето, но засега не можеме ништо повеќе да кажеме”, изјавил портпаролот на малтешката воена морнарица за AFP.

Според италијанската агенцијa Ansa, на бродот имало околу 250 луѓе, и потврдено е дека во водата има безживотни тела.
„Според последните информации, бродот со двесте имигранти се превртеле”, додал портпаролот од Малта.

„Станува збор за бродолом во малтешките територијални води. Им даваме помош на малтешките власти. Се` уште не го знаеме бројот на мртвите”, изјавил за AFP, Филипо Марини, командант на италијанската крајбрежна стража.

Несреќата се случи една седмица по потонувањето на рибарскиот пред островот Лампедуза на 3-ти октомври. На бродот имало повеќе од 520 бегалци од Еритреја и Сомалија, а спасени се само 155 луѓе. Според последните информации досега од морето се извлечени 328 тела, а уште 35 се` уште се во водата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1