Потврдено: Професорот Бакиу изгоре во пожарот на Шапка – му се заканувале зошто не дал поскапување на струјата?


Изгореното тело пронајдено во опожарениот хотел Гранит на Попова Шапка е 50 годишниот Рухи Бакиу од тетовска Мала Речица потврдила ДНК анализата во Институт за судска медицина во Скопје, јавува Канал 5 .

пожТелото било предадено на семејството по што денеска беше извршен и погребот на муслиманските гробишта во Речица. Од семејството не сакаат ништо да зборуваат за случајот. Засега се уште остануваат непознати причините за мистериозната смрт на Бакиу кој во вторникот беше пронајден во просторија на првиот кат од хотелот Гранит додека неговиот мобилен телефон беше пронајден на скалите од влезот на објектот при гасењето на пожарот.

Пред избувнувањето на огнот во ресторантскиот дел според полициски информации од внатрешноста на хотелот се слушнала и експлозија а хотелот подолго време не работел и во моментот на пожарот бил затворен.

Бакиу беше професор на Универзитетот на југоисточна Европа во Тетово и поранешен член на Регулаторната комисија.

Сомневањата и шпекулациите дека Бакиу е убиен ги подгреваат неодамнешните негови јавни изјави оти врз него се вршеле повеќе притисоци бидејќи бил против  поскапувањата на енергенсите додека бил член на регулаторна како и тоа дека сообраќајката во која бил полесно повреден е всушност атентат врз него.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1