Се продава на аукција прстен на Јованка Орлеанка


Прстен на француската национална хероина Јованка Орлеанка се продава на аукција на аукциската куќа “Timeline Auctions” во Лондон.prsten jovanka orleanka

Почетната цена на украсот од XV век, што подоцна се најде кај англискиот крал Хенри VII (1457-1509), се нуди за речиси 21 000 долари, пишува “Дејли Меил”.

Реликвијата е вметната во дабово ковчеже со придружните документи за автентичност. “Нема никакво сомневање дека прстенот е носен од националната хероина. Ова е исклучително важно и интересно богатство “, изјави извршниот директор на аукциската куќа Брет Хамонд.

Орлеанка ја поведува француската армија за време на стогодишната војна, но е заробена од Бургундија и предадена на Британците. Осудена е и изгорена на клада во 1431 година. Како последица таа е ослободена од обвинувањата и канонизирана за светица од католичката црква.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1