Сибирсктие научници направија напредок во областа на биотехнологијата. Успеале да создадат биовештачко ткиво кое ќе биде во можност да го замени повредениот орган. Тоа ќе се случи во блиска иднина, а научниите веруваат дека ќе помогне и во лечење на многу болести и повреди – изгореници или срцеви удари.
Научниците од Институтот за хемиска биологија и основните лекови во Новосибирск, неколку години ги проучувале матичните клетки и создале вештачко ткиво кое ќе биде во можност да го замени повредениот орган.
Прво тие нудат решение во случај да е потребно да се замени повреденото ткиво на зглобовите, а потоа успеале да создадат биосинтетска протеза, за замена на аортата.
Синтетичката протеза одамна се користи во модерната медицина, вклучувајќи ја и кардиологијата. Но, биосинтетските органи и ткива добиени од живи клетки имаат голема перспектива.
По трансплантацијата на синтетичките имплантати и донатори на органи, не се појавуваат често компликации.
Човечкото тело често го отфрла туѓото ткиво. Биосинтетското материјално тело полесно е да го прифати, осбено ако е направено од клетките на пациентот. Компликациите во текот на овие трансплантации се сведени на минимум, а телото се навикнува на многу побрз роден имплант.
Експерти од Новосибирск пред неколку месеци, трансплантирале биосинтетски импланти на лабораториски глувци.
Од тогаш организмите на животните функционираат одлично.
Научниците тврдат дека протезите за неколку години ќе имаат широка примена, а постои и можност за отворање на банка на органи.
Доколку плановите на научниците се реализираат во блиска иднина, човекот ќе може да го поправи телото, да го замени повредениот орган со нови органи, кои би биле создадени од неговата ќелија.
Ваквата волја ќе го реши големиот проблем со донирање на органите.