Се разбудил од кома – зборувал француски и мислел дека е Метју Меконахи


Британски бербер кој бил тешко повреден во сообраќајна несреќа, се пробудил од кома говорејќи на француски и мислејќи дека е Метју Меконахи.

25-годишниот Рори Кертис  имал крварење во мозокот при судар со камион во Стафордшир во Велика Британија. Откако шест дена бил во кома, Кертис дошол при свест на медицинските сестри во болницата кралица Елизабета во Бирмингем, им говорел на течен француски јазик.

koma

– Француски јазик учев во училиште, но не го говорев толку добро – изјавил Кертис за британски „Метро“. Момчето изјавило дека мисли дека е актерот Метју Меконахи.

– Кога се погледнал во огледало, се шокирал кога видов дека воопшто не личам на него. Не знаев во што гледам – раскажал Британецот.
Додека лежел во болница, бев уверен дека сум Метју и дека дури изгледа толку добро како него.

– Во некои моменти едвај чекав да излезам и да се вратам на снимање на филмови – изјавил Рори кој целосно закрепнал по третман со експериментален лек.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1