Откако изгубила свест на прославата на 46-от роденден на својот сопруг, Марија Нил(48) од Велика Британија на патот до болницата доживеала тежок мозочен удар.
Направена и била комплицирана операција на мозокот и била во кома. Лакарите се обиделе постепено да ја разбудат, но бидејќи ни после 7 дена не реагирала, на семејството му било речено да се збогува со неа. Наместо тоа нејзиниот сопруг и ја пуштил нејзината омилена песна на која играле за време на венчавката и се случило чудо.
Стив и Марија имаат 4 деца, синовите Кертис(20), Киран(18) и Камерон(16) и ќерката Марија(21) која вели дека никогаш нема да го заборави тој ден:
– Со часови и зборувавме, се обидувавме да направиме се, за да ја натераме да реагира. А тогаш татко ми ја сними таа песна на телефон и и ја пушти на мајка ми, додека солзи му течеа од лицето и паѓаа врз неа. Срцето ми се кинеше додека ги гледав, но таа тогаш ја помести раката и после неколку дена почна да реагира- се присетува таа.
Лекарите кои се грижат за Марија во болницата во Лондон веднаш го предупредија семејството дека заздравувањето ќе се одвива бавно и неизвесно, но она што се случило и самите го нарекуваат „чудо“.