Се разубавува храмот во Трубарево – река народ пред иконата на Богородица од која течат солзи


Во црквата „Св. Вмч. Георгиј Победоносец“ во скопското село Трубарево вчера по неделната богослужба беше поставено ново осветлување. Монтиран е централен кристален полиелеј висок скоро два метра. Овие денови храмот е посетен од многу верници кои доаѓаат да ја видат иконата на Богородица која повеќе од една седмица мироточи.trubarevo crkva2

Кристалниот полиелеј го изработи „Светлина, Дизајн, Квалитет“ од Прилеп, а покрај него е поставен и мал кристален лустер во олтарот.

– Откако беше наместен полиелејот, дојдоа голем број верници, од месното население, како и од околните места, и сите благодарни на Бога и презадоволни што храмот се разубавува со ваков прекрасен полиелеј од македонска изработка, изјави парохискиот свештеник, отец Бобан Богдановски.trubarevo crkva

Новото осветлување, додаде отецот, целосно е финансирано од донациите на верниците. Најави дека во план е и нова крстилница за верниците, доколку дозволат условите.

За чудото со иконата на Пресвета Богородица, отец Богдановски вели: Дефинитивно се работи за чудо.

– И мојот, и официјалниот став на Македонската православна црква, е дека оваа појава е чудо и знак од Бога. Архиепископот г.г Стефан дојде во црквата, ја погледна иконата и констатираше дека навистина се работи за чудо, рече Богдановски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1