Судот во Лагос донесе одлуга да го разведе бракот на 57-годишен Нигериец, кој се жалел дека сопругата со години доцнела со подготовката на вечерата.
Според весникот „Вангард“, 57-годишниот Олуфад Адекој, бил на работ на нервен слом затоа што неговата сопруга Олусол, со која бол 25 години во брак, одбивала да ја послужи вечерата „на време“.
– Мојата сопруга не ги исполнува брачните должности. Не ми подготвува да јадам на време, а јас неколку пати ја опоменав. Таа едноставно не сакаше да ме слуша, изјави Адекој пред Судот.
– Не гледам зошто би ја чувал жената која ме остава гладен. Доста ми е од се, додаде тој.
Неговата сопруга ги отфрли сите обвиненија, тврдејќи дека тоа го измислил за да се ожени со друга жена.
Судијата Олу Адебиј, сепак, донесе одлука да го разведе бракот.
Судот во повеќе наврати се обидувал да ги смири, но сите тие напори не дале никакви резултати.
Се верува дека ова е првпат еден брак да биде разведен поради доцнење на вечерата, иако за Нигеријците не се невообичаени разни бизарни поводи за развод.
Во 2008 година, еден исламски проповедник беше принуден да се разведе од 82 од своите 86 жени, во согласност со исламските закони кои пропишуваат мажите да имаат најмногу четири жени.
Нигерискиот сајт „Шугар Дејлиi“ направи список на најчудни барања за развод кои биле поднесени последните години. Меѓу нив е барањето на еден 32-годишен бизнисмен, кое го вложил само неколку часа по раскошната свадба, затоа што открил дека невестата користи перничиња за зголемување на обемот на задникот.
Развод и бил одобрен на жена која тврдела дека нејзиниот сопруг често врши нужда во лонци и тенџериња кога е пијан.
Еден Нигеријец е разведен по пет години брак затоа што мајката и таткото на неговата сопруга се мешале додека ја тепа.