Се роди бебе кое се раѓа едно на милион


Кога бабицата и го покажала на мајката Катерина Ховарт нејзиното бебе, таа била уверена дека некој направил голема грешка и и донеле туѓо дете.

Новороденчето било потполно бело, додека мајката по потекло од Нигерија има потполно црна кожа. Иако бебето Јона има бел татко, докторите викаат дека шансата да се роди потполно бело бебе е една од милион.

bebe-belo500Не била само мајката изненадена, туку и бабица, но и таткото. Тој очекувал бебето да има многу потемна кожа.

– Кога за прв пат го видов синот осетив олеснување бидејќи е јак и здрав. Беше многу блед бидејќи папочната врвка му беше замотана околу вратот. По неколку часа му се врати боја во обравчињата и тогаш забележавме дека е многу бел и има тен сличен на мојот. Докторите рекоа дека таков и ќе остане – вели таткото Ричард.

Докторите велат дека детето не е албино.bebe-belo500

– Ми рекоа дека најверојатно носам рецесивен ген, но моите родители се од Нигерија и колку што можеме да се сетиме, никој од семејството не бил бел. Но некаде мора да постои ген кој бил заспан се до сега. Иако од почеток бевме шокирани, Ричар и јас сме пресреќни. Јона е убав, среќен и насмеан, а ние многу го сакаме, вели воодушевената мајка.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1