Војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон роди момче тешко 3800 грама, а Британија во 4.24 по локално време доби престолонаследник, објавија од Кенсингтонската палата. Пред палатата се слушаат воодушевени извикувања и аплаузи.
Оваа вест ја соопшти прес службата од Бакингамската палата.
Ова е историски момент за британската монархија бидејќи првото дете на двојката ќе стане третото во редот наследници на британскиот престол по принцот Чарлс и Вилијам, и евентуално ќе стане крал или кралица.
Кралицата, Војводата од Единбург, Принцот од Велс, Војводката од Корнвол, Принцот Хари и членовите на двете фамилии и се разбира принцот Вилијам, се пресреќни од вестите кои пристигнаа од Сент Мери болницата.
Нејзиното Височество, Keјт и нејзиното бебе се во добра здраствена состојба и ќе ја поминат вечерта во болницата.