Од Зоо Скопје информираат дека мајмунчето се родило во раните утрински часови и дека тоа и мајката се заедно со групата со која живеат, од која се добро прифатени.
Патас мајмуните се сместени во новата мајмунара, чија изградба е донација од Агенција за електронски комуникации.
Во текот на минатата година во Зоолошката градина беа родени 30-ина млади животни од 16 различни видови.
Патас мајмуните живеат на африканскиот континент. Ги населуваат шумите, саваните и пустините во западна и источна Африка.