Серијата „Сите го сакаат Рејмонд“ се емитуваше и се уште се емитува во светот, но денеска трагична вест ги преплави медиумите.
Соер Свитен, еден од актерите кои ги глумеа близнаците на Реј и Дебра, изврши самоубиство на возраст од само 19 години.
Свитен го толкуваше Џефри Барон, заедно со својот брат близнак.
На возраст од само 19 години, тој си го одзел животот додека бил во посета на семејството во Тексас.
Тој се застрелал во дворот на семејната куќа.
Актерката која во серијата ја толкуваше Ели, постарата ќерка на Реј и Дебра и сестра на близнаците, им е сестра и во вистинскиот живот.
-Утрово се случи ужасна трагедија. Со болка известуваме дека нашиот сакан брат, син и пријател, Соер Свитен, си го одзеде животот. За неколку недели требаше да наполни 20 години, изјави неговата сестра Медилин, која ја толкуваше Ели во серијата.
Соер и неговиот брат близнак Саливен во „Сите го сакаат Рејмонд“ се појавија во 139 епизоди.