Денес, рано наутро, животот си го одзеде Гоце Велковски – Тунтар од Куманово, член на “Достоинство“ од самото формирање, информираше лидерот на „Достоинство“, Стојанче Ангелов.
-Како професионален војник на АРМ учествуваше во одбраната на Република Македонија во 2001 година. Последната година работеше во агенција за обезбедување во Куманово. Зад себе остави 3 малолетни деца.Почивај во мир, македонски бранителу, напиша Ангелов.
Погребот ќе се одржи утре во 14.00 часот, на градските гробишта во Куманово.