Светот го шокираше уште една трагедија.
Како што пишуваат странските медиуми 29-годишниот актер Хенри (Хенк) Дојчендорф, кој како бебе заедно со својот брат близнак се појави во холивудскиот блокбастер „Истерувачи на духови“, е пронајден мртов, а се верува дека извршил самоубиство.
Неговиот брат Вилијам од него се прости со емотивна порака, во која меѓу другото напиша дека „Хенк ја загубил битката со менталното заболување“.
-Луѓето не знаеја дека Хенк боледува од ментално заболување кое претставува комбинација од биполарно пореметување и шизофренија. Имаше халуцинации, депресија и манични фази. Ќе остане запаметен како сакан син и како некој што секогаш бил тука кога ви бил потребен, напишал неговиот брат