Тајниот живот на Џеки Кенеди: Спиела со кого ќе стигне, дури и со браќата на сопругот


Џеки Кенеди во јавноста беше елегантна, шармантна, грациозна – и воздржана. Но под таа ледена површина се криеше страсна жена, на која ѝ беше потребна машка блискост исто толку колку што нејзиниот сопруг Џон Кенеди кој спиел со други жени, открива новата бомбастична биографија на најпознатата американска прва дама.

kenedi

Новата книга „Жаклина Кенеди Оназис: Живот луд и од најлудите соништа“, открива дека бившата прва дама на САД влегувала во релации со различни мажи, но тоа успевaла совршено да го сокрие.

djeki i baletanАвторите во книгата наведуваат дека Џеки, која имала три деца со Џон Кенеди, 35-от претседател на САД, се до неговото убиство во Далас во 1963 година, имала афери со неговите родени браќа, Роберт и Тед Кенеди.

Тед бил покрај Џеки во текот на сите кризи и набрзо станал единствен маж на кого можела да се потпре, се наведува во книгата.

– Отсекогаш бев вљубен во Џеки, од самиот почеток. Кога Џон беше убиен, знаев дека таа е со Боби, но ниту тогаш не престанав да ја сакам. Тој не можеше секогаш да биде со неа, и тоа го искористив – наводно му рекол Тед Кенеди на својот соработник Дејвид Паверс.

Авторите понатаму во книгата наведуваат дека Џеки сакала секс за една ноќ, токму како и нејзиниот сопруг, и дека тоа бил нејзин начин да му се одмазди.

kenedi-atentat-rojters-glavna-1368515109-309975Џеки наводно имала секс со бројни холивудски ѕвезди, меѓу кои се Пол Њуман, Грегори Пек, Марлон Брандон, Ворен Бити и Френк Синатра.

Брандо во својата автобиографија, објавена во 1999 година открил дека имал секс со Џеки во 1964 година, после една бурна пијана ноќ.

– Бевме малку пијани, вечеравме јајца кои ги испржив набрзина. Џеки го изгасна светлото и пушти музика. Ми пријде и ме фати за рака. Ме праша дали сакам да ја поминам ноќта со неа. Мислев дека никогаш нема тоа да ме праша. Имавме секс на софата – навел Марлон Брандо.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1